Џет-Сет
3. December 2017 - 21:07

Обожавателките во транс: Синот на Цеца се сликаше потполно гол

Синот на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ со задоволство ги покажува резултатите од напорните тренинзи.

Откако почна да тренира професионален бокс, Вељко Ражнатовиќ е горд на своето тело, па повремено на фановите на Инстаграм им објавува моменти од своите напорни тренинзи, или после нив.

Наследникот на Цеца овојпат се фотографираше по тужирање, потполно гол, само со пешкир на себе.

Обожавателските се воодушевени од овој потег, а на фотографијата јасно се гледа дека Вељко е се позгоден и дека секој мускул му доаѓа до израз.

Имено, малиот Ражнатовиќ неодмана откри дека почнал да се занимава со бокс и веќе ги забележал првите победи.