Облачно со северен ветeр и температура до 14 степени
Времето претпладне ќе биде променливо облачно со поголема облачност во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал 1 до 7, а максималната од 8 до 14 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите најпрвин ќе почнат утре попладне, а ќе бидат пообилни во понеделник (на повеќе места над 20 л/м2). Поради заладување проследено со засилен северен ветер врнежите во вторник ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, информираат од УХМР.
Ново на Сител
-
Штип нема да оди на референдум
-
Преглед на вестите од светот
-
Влијание на преговорите на кризата во Софија и намерата на ВМРО-ДПМНЕ за одложена примена на уставните измени
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Анализа на извештајот на Балкан Дефенс Монитор: Кој на Балканот троши најмногу пари за одбрана?
-
ДИК го утврди редоследот на гласачкото ливче за претседателските избори
-
Анкета: Силјановска со предност пред Пендаровски
-
Ахмети го прошири европскиот фронт со Дудуш, Тачи и Хоџа - Села се уште не е дел од фронтот