Облачно со повремени врнежи од снег
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 6 степени.
Како што соопштија од УХМР, во Скопје времето ќе биде облачно со повремен локален снег во делови од регионот. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Од среда следува период на стабилно, суво и ветровито време со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, а најстудено ќе биде во четврток и петок кога утринските температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните понекаде ќе останат негативни.
Ново на Сител
-
Мицкоски го подготвува писмото до европските лидери
-
Заедничка алпинистичка вежба на полициската „ЕБР“ и армиските „Волци“
-
Премиерот ќе бара мислење и од Венецијанската комисија за новиот закон за правична застапеност
-
Мицкоски: Платите на наставниците ќе пораснат за 46 проценти за 4 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Наташа Котлар Трајкова
-
Силјановска Давкова: Не смееме да дозволиме истористи ревизионизам
-
Политичарите го честитаат 11 Октомври