Облачно со повремени врнежи од дожд и снег
– Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, во северните делови значително постудено. Повеќе врнежи ќе има во западните делови каде на планините ќе врне снег. Кон крајот на денот во југозападните делови врнежите ќе преминуват во снег и на пониските места.
Вдолж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 15 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и со засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Од утре ќе настапи стабилизација на времето со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните ќе бидат во пораст.
Ново на Сител
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо