Облачно со дожд до утре попладне, од сабота значително потопло
До крајот на денот и утре претпладне ќе се задржи променливо облачно време со услови за локални врнежи од дожд претежно во северните делови. Ќе дува и умерен до засилен ветер.
Управата за хидрометеоролошки работи попладнево соопшти дека во Скопската контлина и во централните делови од земјава било нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен и северозападен правец.
До 17 часот наврнати се 10 литри на метар квадратен во Ѓуриште, пет во Штип, четири во Берово, три во Виница, два на Зајчев Рид во Скопје и во Демир Капија и еден литар во Маврово и Лазарополе.
Веќе од утре попладне се очекува намалување на облачноста. Ќе дува засилен ветер од северозападен и северен правец, кој особено ќе биде изразен во поширокото Повардарие, каде ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната од 15 до 22 степена.
Во Скопје утре слично време со минимална температура до 9 и максимална до 20 степени.
Од сабота, синоптичарите најавуваат стабилно, сончево и значително потопло време со слаб до умерен јужен ветер.
Ново на Сител
-
Приведен унгарски државјанин на ГП Табановце, пронајдена дрога во неговото возило
-
Во целосен прекин сообраќајот на експресниот пат Штип, се вози по стариот пат
-
Приведен 39-годишен маж од Пробиштип, возел со 1,55 промили алкохол во крвта
-
Средношколците во Белград ќе протестираат пред Министерството за образование поради продолжувањето на учебната година
-
Стоилковиќ со честитка по повод 21 Мај – Светски ден за културна различност за дијалог и развој
-
Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони
-
Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе се обрати на Форумот за културна дипломатија