Македонија
17. јуни 2020 - 8:07

Облачно, попладне дожд, грмежи и засилен ветер

Времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени, а максималната од 22 до 30 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне и во скопската котлина ќе има локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 28 степени.