Македонија
5. February 2016 - 8:06

Облачно и ветровито време

Времето  во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, кој на моменти на повеќе места ќе достигнува брзина и над 80 km/h.

Дневната највисока температура ќе биде во интервал од еден до осум степени.

Во Скопје променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец

Температурата ќе достигне до пет степени.

До понеделник ќе преовладува стабилно време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.