-->
-->
Објавила шокантна фотографија: Од дамка на лицето до рак на кожата!
-->
Жртва на рак на кожа објавија шокантна фотографија од лузна на лицето, која е последица од прекумерно изложување на сонце без заштита, како и користење на солариум.
Лорен Хендерсон (40) била голема обожавателка на црниот тен, па тоа во овој случај можело да ја чини живот.
Таа од 13 годишна возраст користела солариум, а секое летување користела средства без заштитен фактор.
Мајката на едно дете открила голема и болна лузна на лицето со што ги предупредила другите на опасноста од сончање.

- Би заминала на летување, би правела се што е во моја моќ да поцрнам што побрзо, а откако би се вратила би идела на солариум за да ја одржувам бојата - рекла за Деили Меил.
Приметила дамка на лицето која се зголемувала се повеќе, но мислела дека сонцето сепак ќе ја исчисти.
Како минувало времето сфатила дека дамката не исчезнува, па се одлучила да посети лекар. Еден поглед бил доволен за да каже дека тоа е рак на кожа.
- Мислам дека не постојат доволно реални предупредувања кои луѓето ќе ги сфатат. Сонцето е опасно, звучи апстрактно, треба да се прикаже реалност која на луѓето ќе им биде пред очите - ги открила своите причини за објавувањето на сликата на Фејсбук Лорен, која по објавувањето е споделена повеќе од 3.600 пати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
26 годишна девојка пријавена за исчезната, пратила порака дека е во Србија
-
Сериозни инциденти во центарот на Атина по протестот за железничката несреќа
-
Шпанскиот амбасадор за Мицкоски: Пример за едноставност, чекаше ред на аеродром како сите други
-
Мицкоски: Македонија го достигна историски највисокото ниво на странски директни инвестиции
-
За викендот дожд и повремено снег
-
Дваесет и пет лица уапсени поради онлајн дистрибуција на детска порнографија генерирана со ВИ, соопшти Европол
-
Жена од Гостивар починала во Струга
-
200 кесички марихуана пронајдени кај малолетник од Скопје | ВИДЕО