Балкан
11. August 2023 - 12:45

Објавени нови видеа од хулиганската пресметка на навивачите на Динамо Загреб и АЕК

Објавена е нова снимка од безбедносните камери од ноќта кога е убиен Михалис Качурис, 29-годишен навивач на АЕК.

Чешката веб-страница „Hooligans.cz“ која ги следи пресметките на навивачите ширум светот, објави нова снимка од Атина на социјалните мрежи.

На видеото наводно се гледа како група навивачи на АЕК бегаат по нападот на хулиганите на Динамо Загреб.

Грчката полиција се обидува да го расветли случајот, а во моментов за убиство се осомничени пет хулигани.