Објавени јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии и за дигитализација за женско претприемништво
Министерството за економија објави три јавни повици за субвенции за микро, мали и средни компании за занаетчии и за дигитализација за женско претприемништво. Како што објави на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши, со јавниот повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија ќе се кофинансираат 40 проценти од докажаните трошоци направени за набавка на машини, но не повеќе од 250.000 денари по барател. За оваа мерка се предвидени средства во вкупен износ од 43.000.000 денари.
- Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци за набавка на машини настанати во 2022 и 2023 година. Со јавниот повик за субвенционирање на занаетчии ќе се кофинансираат 40 проценти од докажаните трошоци направени зa набавка на машини и алати, но не повеќе од 100.000 денари по барател.За оваа мерка предвидени се средства во вкупен износ од 5.000.000 денари. Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци за набавка на машини и алати настанати во 2022 и 2023 година. Со јавниот повик за субвенционирање на женско претприемништво за дигитализација на деловни процеси се субвенционираат претпријатија во сопственост на жени (над 50 проценти) и управувани од жени, кои вработуваат најмалку две лица (сопственичката на претпријатието и еден вработен), преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 100.000 денари по барател, направени за: развој или набавка на дигитални решенија и технологии со цел дигитална трансформација на деловните процеси или производство и/или имплементација, адаптација и интеграција на дигитални решенија и технологии, се појаснува во соопштението од Министерството за економија.
За оваа мерка, се подвлекува, предвидени се средства во вкупен износ од 2.000.000 денари. Субвенционирани ќе бидат докажаните трошоци за предвидените намени настанати во 2022 и 2023 година. Крајниот рок за аплицирање по овие јавни повици е до 30.06.2023 година.
Ново на Сител
-
104-годишна Американка скокнала со падобран
-
Претрес во Велес, приведени петмина дилери на дрога
-
Сопственикот на Интер Мајами: Сите ми велеа дека сум луд кога кажав дека Меси ќе потпише за нас
-
Девојка од Црна Гора го искина и плукна знамето на Србија: Полицијата трага по неа
-
Во Австралија започна гласањето за правата на домородните народи
-
Маж со изгореници пронајден во канал кај Нови Сад
-
АД ЕСМ: Започнуваме со подготвителни активности за санација на цевководот на мостот „Беласица“
-
Оздемир: Германија сака да ја види Северна Македонија што поскоро во ЕУ