Балкан
23. September 2016 - 18:53

Објавена шокантна снимка: Модрица на образот на Јелена 4 месеци пред убиството

Ниту шест месеци по бруталното убиство на пејачката Јелена Марјановиќ Крсмановиќ не се знае кој е извршителот на ова злосторство.

На видеото кое го објави нивниот кум, се гледа пејачката како со многу сериозно лице ги служи гостите додека кумот и свекрвата играат.

Меѓутоа, уште еден детаљ сите го забележаа, а тоа е црвена флека, налик на модринка на лицето на Јелена.

Да потсетиме, Јелена Марјановиќ, исчезна на 2. април кога тргнала на трчање со сопругот и ќеркичката (5) односно кога тие се раздвоиле на насипот во Борча.

Нејзиното тело е пронајдено ден подоцна на истото место каде што исчезна.

Пејачката Нада Топчагиќ исто така била на таа слава, а на прашањето од новинарите дали ја видела таа модрица и како настанала, рекла дека тоа најверојатно и било од подготовките за славата.

-Не, Зоран не ја тепаше. Јас бев на таа слава и тоа до крај и се беше нај нај нај. А што се однесува до Зоран, јас никогаш не сум забележала покачен тон. Да имаше таа некои проблеми, би ми кажала. А таа не би го трпела тоа. Ја видов таа модрица, но не ми падна напамет, па тоа беше голема слава и многу се работело на неа, вели пејачката.