Објавена селекцијата на Канскиот филмски фестивал 2016
Генералниот делегат и претседателот на Филмскиот фестивал од Кан, Тјери Фермо и Пјер Лескур денеска ја објавија селекцијата на филмови, кои годинава ќе бидат претставени на 69-то канско издание, јави дописникот на МИА од Париз.
Селекцијата е направена од вкупно 1.869 филмови, од кои се избрани 49 во различните конкуренции на фестивалот. На фестивалот ќе бидат претставени 28 земји и ќе бидат прикажани седум премиери. Селекцијата е речиси комплетна, иако еден филм од Панама, може да му се приклучи дополнително на Фестивалот.
Фремо и Лескур ветија и ѕвезди на Кроазетата, како Џулија Робертс, Кирстен Стујарт и Шарлиз Терон.
За „Златната палма“ ќе се натпреваруваат 20 филмови, меѓу кои четири се француски, но нема ниту еден од просторите на балканскиот регион.
Тоа се филмовите „Toni Erdmann“ на младата германска режисерка Марен Аде, „Julieta“ на Педро Алмадовар, „American Honey“ на Британецот Ендрју Арнолд, „La fille inconnue“ на белгиските браќа Дарден, „Personal shopper“ на Оливие Асејас, „Juste la fin du monde“ на Канаѓанецот Ксавиер Долан, „Ma loute“ на Бруно Димон, „Paterson“ на Џим Џармуш, „Rester vertical“ на Алан Гироди, „Aquarius“ на Клебер Мендонса Филхо, „Daniel Blake“ на Кен Лоч, „Mal de pierre“ на Никол Гарсија, „Ma’Rosa“ на Бријанте Менодоза, „Bacalaureat“ на Кристијан Мунгиу, „Loving“ на Џеф Николс, „Agass“i на Парк Чан Вук, „The Last face“ на Шон Пен, „Sierranevada“ на Кристи Пиу, „Elle“ на Пол Верховен и „The Neon daemon“ на Николас Виндинг Рефн
Ново на Сител
-
Во Германија една четвртина од вработените сè уште работат од дома
-
Тошковски: Справувањето со илегалната миграција и останатите форми на прекуграничен криминал се еден од нашите главни приоритети
-
Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни зголемување на цената на електричната енергија нема да има
-
Повредени тројца од екипата на Итна помош откако беа заглавени во лифт во Кисела Вода што паднал во подрум
-
За пет месеци фреквенцијата на патници на ГП „Блато" зголемена за 14 отсто
-
Николоски бара Обвинителството да го испита работењето на ЈП за државни патишта и ЖРСМ Инфраструктура
-
Приведен скопјанец кој уценувал девојка
-
До март најверојатно ќе се реализираат две линеарни зголемувања на пензиите, најави Мицкоски