Објавена причината за несреќата во Словенија
Автобуската несреќа која се случи рано утрото на Помурска магистрала ја предизвикал возачот на автобусот со романски ознаки, кој според досега собраните информации извртел десно од патот и автобусот се превртел во канал, соопшти словенечката полиција.
Во автобусот имало 26 патници и тројца возачи. Три лица загинаа на лице место, а три се тешко повредени, соопштија надлежните од Полициската станица Мурска Собота, јавува словенечката агенција СТА.
Сообраќајната несреќа на релација Ганчани-Липовци во правец на Мурска Собота се случила околу 5 часот рано утринава, а во автобусот имало и странски државјани, соопшти локалната полиција. На лице место на повредите им подлегнале тројца сопатници, две сопатнички и еден сопатник, а тројца се згрижени во болница со посериозни повреди, изјави на прес Сузана Раус, претставник за односи со јавноста на полициската управа Мурска Собота. изјава.
Според неа, полицијата се уште прибира информации за несреќата, а истрагата за несреќата ја води истражен судија кој наредил вонреден технички преглед на автобусот и вештачење на возачот.
Според портпаролката на полицијата, засега нема информации за националноста на патниците. Се проверуваат и извештаите каде се движат. Според досега познатите податоци, меѓу патниците немало деца.
Поради сообраќајната незгода подолго време беше затворена Помурската магистрала помеѓу клучката Ганчани и Липовци во правец на Марибор.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот