Објавена најновата верзија на охридскиот аеродром изработена за „Microsoft Flight Simulator 2024“ | ВИДЕО
Охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ (LWOH) ќе добие свој детален приказ на најновото издание на „Microsoft Flight Simulator 2024“ чие објавување е најавено за наредниот месец.
Станува збор за најнов апдејт на аеродромот изработен од страна на софтверската компанија „SoFly“, која за потребите на симулаторот направи неверојатно детален приказ на аеродромот, доловувајќи ја речиси во оригинал неговата уникатна околина и пејзаж.
Дополнително, со најсовремена технологија вклучени се дополнителни текстури, променливи анимации зависно за кое време од денот се работи, динамични елементи што реагираат на близината на субјектот...Пејзажот вклучува детални прикази на аеродромските објекти за реалистична симулација, највпечатлива и најдетализирана верзија на овој аеродром досега, со богато изработен ентеријер на објектите во аеродромот, како и динамичен приказ на снежни врнежи и натрупување снег во зимските месеци, како на пристапните патеки за таксирање на леталата така и на самата аеродромска писта.
Ажурирањето на приказот на охридскиот аеродром на новото издание на „Microsoft Flight Simulator 2024“ чие објавување е најавено за 19 ноември, ќе биде бесплатно за корисниците на досегашните верзии на програмата.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал