Објавена листата на најдобри универзитети во светот
На листата на најдобри 10 универзитети на светот, на прво место петта година по ред е Универзитетот „Оксфорд“, Велика Британија. Американските универзитети се најбројни на листата на 10 најдобри, а кинескиот универзитет „Цингхуа” е привот универзитет во Азија што се искачи помеѓу најдобрите 20 универзитети според новата методологија на оценување.
На листата на најдобри 10 универзитети дури 8 се од САД. Меѓутоа, 50% од најдобрите 20 американски универзитети од минатогодишната ранг-листа не успеале да ги задржат своите позиции. САД изгубиле 4 места во најдобрите 200 универзитети во последните 5 години. На листата со најдобри 200 универзитети, 59 се од САД, 29 од Велика Британија, а 21 од Германија.
Според магазинот „Форбс”, статусот на моќ во високото образование во Велика Британија е потиснат, бидејќи од 20 највисоко рангирани британски институции, минатата година само пет успеале да се искачат на листата, додека институциите што не се во листата на најдобрите 200 паѓаат подолу на листата.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто