Објавен видео записот за божиќна каланда – коледарска песна „Христос се роди денес“
Здружението „Бадникови Поворки“ го објави видео записот од Божикната каланда „Христос се роди денес“, се наведува на веб страница Бигорскиот манастир.
Песната е во изведба на Верче Милошевска и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“. Режијата, монтажата и продукцијата на видеото е на Даниел Јовески, а песната е снимена во студиото „Фаме’с“.
Во организација на Здружението „Бадникови поворки“, и со благослов и соработка на Бигорскиот манастир, се направи музички аранжман за древната каланда „Христос се роди денес“. Аранжманот за музиката го направи Владимир Димовски, а во оркестарот музичари учествуваа, на виолина: Владимир Костов, Елена Талевска, Петар Тасески, Ѓоргина Поповска, Марија Јанчулеска, Владимир Цветковски, Коста Андоновски, Бранислав Автовски, Момчило Куфојанакис, Игор Милевски; виоли: Марија Димитријевиќ, Александар Стојчевски, Александар Лаовски; на виолончело: Кирил Јосифов, Паскал Краповски, Љупка Манчевска Каевиќ; на контрабас: Митко Иванов; на кларинет: Петар Христов, на канон: Тимко Чичаковски и на харфа: Симона Богоевска. Диригент и синтисајзер: Иван Еминовиќ.
Со ова, всушност, како што се посочува, „Бадникови поворки“ и годинава го одржа ветувањето за секој Божик да возобновува по една стара коледарска песна.
Од Бигорскиот манастир наведуваат дека во севкупното остварување на овој проект учествувале над 80 луѓе, меѓу кои познатите македонски актери: Јоана Поповска, Дубравка Киселички, Владо Јовановски, Горан Илиќ, Љупчо Бојковски, Владо Дојчиновски. Костимографијата ја направи Жаклина Крстевска Караѓозоска, а за шминката се погрижија Викторија Бурсак и Маргарита Миновски.
Христос се роди денес
Добровечер, домаќини, ако има во вас желба,
да раскажам за светото раѓање на Христа Бога.
Христос се роди денес во Витлеем јудејски,
небесата се веселат, сета твар се радува.
Во пештера се раѓа, во јасли на животните,
Царот на небесата и Творецот на вселената.
Мноштво на ангели пеат: „Слава во висините“
и достојна за восхит е верата на пастирите.
Од Персија доаѓаат, тројца мудреци со дарови,
ги води светла ѕвезда, без да ги задоцнува.
Во овој дом што пееме, камен да не падне,
домаќинот на куќава, долго жив да биде.
И добра ноќ, одморете, па во црква брзо појдете,
на светата Литургија со многу побожност и радост.
И дома штом се вратите, на трпеза да каснете,
дајте и на сиромаси, за никој да не снема.
Дајте ни нам што пееме, колку има во вас желба,
и Христос Бог наш секогаш помошник да ви биде.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска