Објавен тендерот за изградба на пешачкиот мост во Делчево
Центарот за развој на Источно-планскиот регион го објави тендерот за изградба на пешачкиот мост во Делчево. Проценетата вредност на набавката за изградба на мостот изнесува шест милиони и 369 илјади денари. Предвиденот е работите да почнат на 15 ноември оваа година, а да завршат на 30 јуни 2019 година.
Како што информираа од ЦРИПР, јавното отворање на понудите ќе се одржи на 8 октомври 2018 година.
- Првиот пешачки мост на реката Брегалница ќе биде изграден од челична конструкција, а предвидено е покрај основната намена, мостот да биде ставен во функција на туристичка понуда на градот. Изградбата на мостот има и дополнителна вредност, бидејќи Општина Делчево има дополнителни инвестиции за изградба на пристапни рампи и пристапна улица со која ќе се поврзат локалните институции, истакна Драгица Здравева, директор на ЦРИПР.
Вкупниот буџет на проектот е седум милиони и 471 илјада денари од кои 65,5 отсто ќе се обезбедат од Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој, а по Програмата за рамномерен регионален развој за 2018 година. Општина Делчево како партнер ќе обезбеди 34,5 отсто од буџетот на Општина Делчево за 2018 година.
Ново на Сител
-
Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва
-
Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра
-
Стабилно време со утриснка магла до среда, а потоа дожд и ветер
-
СДСМ: Власта ги запостави домашните компaнии
-
Муцунски во Брисел
-
Блумберг: Ердоган планира на Зеленски да му предложи свој план за ставање крај на војната
-
Денот на албанската азбука неработен ден за припадниците на албанската заедница
-
Пронајдена дрога и пиротехника кај велешанец