-->
-->
Објавен конкурсот „Живко Чинго“ за најдобар расказ
-->
Во рамки на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“ , Општина Охрид го распиша годинашниот конкурс за наградата за најдобар расказ.
Право на учество има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Краен рок за доставување е 31 јули, а жири-комисијата ќе ги објави резултатите во дневниот печат најдоцна до 8 август годинава.
- Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: општина Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака „За конкурост за расказ“, стои во конкурсот.
Наградата за најдобар расказ изнесува 30.000 денари, а ќе биде врачена на 13 август на манифестација „Вечер на Живко Чинго“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна