Обилни снежни врнежи предизвикаа прекини на воздушниот и патниот сообраќај во Велика Британија
Обилните снежни врнежи во текот на ноќта предизвикаа прекини во воздушниот и патниот сообраќај во Велика Британија, каде продолжува студениот почеток на новата година, јави ДПА.
На Англија и на Велс им се издадени две жолти временски предупредувања од Метеоролошката канцеларија, при што се очекува во поголемиот дел од тие региони да има снежна покривка од три до седум сантиметри, која на моменти се меша со дожд на пониските места. Предупредувањето за снег и замрзнат дожд, кој ќе покрие голем дел од Велс и средна Англија до градот Манчестер, е во сила до денеска напладне.
Според метеоролозите, на повисоките делови на Велс и јужниот дел на Пенините може да има меѓу 15 и 30 сантиметри снег, но поблагиот воздух ќе доведе до брзо топење на снегот на југ до крајот на денот.
Второто жолто предупредување за опасност поради снежните врнежи, кое се однесува на поголемиот дел од северна Англија, вклучувајќи ги Лидс, Шефилд и Лејк Дистрикт, е во сила до денеска на полноќ. Британската метеоролошка служба соопшти дека некои региони во провинцијата на висина над 300 метри би можеле да бидат отсечени од светот со 40 сантиметри снег пред условите да се подобрат подоцна вечер.
Аеродромот во градот Бирмингем синоќа ја прекина работата на неколку часа „од безбедносни причини и за расчистување на снегот“, но утрото беше пријавено дека работи. Аеродромот во Бристол, кој беше затворен вчера, повторно беше отворен синоќа околу 23 часот, но има предупредувања за доцнење на летовите утринава. Двата аеродроми, како и меѓународниот аеродром во Белфаст, ги повикаа патниците да контактираат со нивните авиокомпании пред да патуваат.
Британската служба за патишта издаде предупредување дека на патиштата во северна Англија може да паднат 25 сантиметри снег.
Ново на Сител
-
Без струја неколку скопски општини, без вода дел од Кисела Вода
-
Велики четврток, почнуваат велигденските празнувања
-
Зеленски: Русија го игнорира предлогот на САД за прекин на нападите
-
Трамп соопшти дека е постигнат „голем напредок“ во трговските преговори со Јапонија
-
Најмалку двајца загинати и 28 повредени во руски напад на украинскиот град Днепар
-
Сончево со умерена облачност, нестабилно приквечер и во текот на ноќта
-
Миланов: Контролата на безбедноста на храната е на АХВ, но одговорноста за небезбедна храна е на операторите
-
Акциска контрола на СВР Скопје и Државниот инспекторат за транспорт, изречени 38 санкции