Македонија
24. April 2020 - 14:33

Обид за разбојништво со нож во Охрид

На 23.04.2020 во 13.45 часот на ул.„28 Април“ во Охрид полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Љ.С.(30) од Скопје, бидејќи во Полициска станица Охрид М.В.(64) од Охрид пријавила дека околу 13.20 часот, во куќа на ул.„28 Април“, влегол Љ.С. и со закана со нож се обидел да изврши разбојништво, по што бил совладан од пријавителката и присутните лица на местото на настанот.

Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по целосно документирање на случајот против пријавениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.