Обичниот секс им е досаден, секс рулет со ХИВ опасен тренд помеѓу младите!
Шпанија стана позната по новиот вид бизарна забава под називот „секс рулет“ во кој една личност, за која никој не знае која е, е ХИВ позитивна, а никој не смее да користи кондоми.
Овие забави се со екстремен секс, сите имаат незаштитен однос, но никој не знае кој е заразен. Лекарите во Барселона тврдат дека т. н. секс рулет забави се одржуваат токму во тој град, главно меѓу геј мажите.
Британскиот таблоид „Метро“ пишува дека таквите забави ги организирале богатите луѓе во Србија. Учесниците ги возбудува сознанието дека би можеле да се заразат, тврдат луѓето кои велат дека се заиграле секс рулет. Доктор Џосеп Малолас од клиниката во Барселона вели дека таквите забави се доказ дека луѓето ја „изгубиле почитта“ кон ХИВ.
– Тука имате се – секс рулет забави, односно сексуални забави на кои можат да учествуваат само заразени со ХИВ.На некои земаат лековви, но тоа ги доведува во ризик сите личности да заболат – вели Малолас.
Тој додава дека некои забави се познати како „сини забави“, бидејќи посетителите земаат лекови против вирусот за да го намалат ризикот од заразата.
„Метро“ пишува дека српската стриптизета Тијана минатата година тврдела дека таквите забави се измислени во Србија и дека се наречени српски секс рулет, според смртоносната игра руски рулет, пренесува „Србијаданас“.
– Луѓето доаѓаат маскирани, а еден е заразен со ХИВ. Забавите ги организираат богатите за богатите. Нив ги „пали“ ризикот од заразата – рекла стриптизетата Тијана.
Психосексуалната терапевтка Кејт Морли рекла дека овие забави се со висок интензитет, бидејќи се комбинира оргазмот со високиот адреналин.
– Битно е да се нагласи дека долготрајните последици се опасни – нагласила Морли.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели