Обичниот ден на семејството Младеновиќ им се претвори во пекол: Поради полнач за мобилен останаа без дом и се што имаа
Причината за пожарот кој го проголта станот на Младеновиќ е полнач за телефон кој експлодирал во штекоерот, ги запалил завесите, теписите, а потоа и целиот стан.
Сосема обичниот ден за Иван, Снежана и нивната ќерка Јасмина Младеновиќ за само неколку минути се претвори во пекол. Додека ги редели дрвата за зимоска во подрумот во станот во Белград им избил пожар.
-Роднина која живее во зградата скокнала од столицата пред зграда и само викна: „Што пукна ова?“ Потрчав кон станот, почувствував чад, поминав низ дневната соба и се упатив во собата на ќерката. Од моментот кога слушнавме дека нешто пукна поминаа само неколку минути, а кога ја отворив вратата целата соба гореше и пламенот ми ја допре главата, раскажува Иван Младеновиќ кој бидејќи е електричар вели дека инсталациите сигурно се исправни бидејќи самиот ги поставувал.
Ова семејство за миг буквално остана без она што со години го создавале. Снежана пребарувајќи низ пепелта се чуди сега со кои пари ќе реновираат. Нивната ќерка Јасмина завршила факултет и нема работа.
-Се ни изгоре, немаме ни долна облека. Незнаеме каде ќе спиеме, но секој ќе мора да побара засолниште кај пријатели или роднини. Фала на Бога што сме живи, а почнаа да ни се јавуваат луѓе да ни помогнат. Како понатаму, засега не знаеме, вели Снежана.
Ново на Сител
-
Се скарале во сообраќај па извадиле пиштоли и почнале да се пукаат, детали за убиството во Чаир
-
Пад од два поени на Индексот на перцепција на корупцијата 2024
-
ДЗР: Утврдени слабости во работењето на Централен регистар кои влијаат на реалноста на финансиските извештаи за 2023 година
-
Поради дефект без вода дел од Сопиште
-
Едно лице убиено, а едно повредено во престрелка во Топанско поле
-
Успешно завршено Националното кик бокс првенство, кик боксот спорт број 1 во Македонија
-
Дончиќ дебитираше за Лејкерс, „езерџиите“ запишаа шеста победа по ред
-
Нова серија на земјотреси во морскиот дел меѓу островите Санторини и Аморгос