-->
-->
Обдукцијата докажала самоубиство, но мајката на Бојана има две добри причини да верува дека нејзината ќерка е убиена
-->

Бојана која работела како припадник на српската армија, се уби во неделата навечер во селото Дубље. Била во четвртиот месец од бременоста, а во саботата требала да се венча со Маринковиќ.
Уште никој не ја знае причината поради што одлучила да си го одземе животот. а нејзинаат мајка не верува дека Бојана сама си го одзела животот.
- Не верувам дека мојата ќерка се убила, бидејќи немаше ниту една причина за тоа. беше пресреќна што е бремена, се радуваше на венчавката... Полицајците ми рекоа дека имала две рани од куршум на телото и дека нејзината смрт е сомнителна, зборува за Информер Снжана Милановиќ, мајка на бремеата воена болничарка Бојана.
Снежана вели дека нејзината ќерка секогаш била весела и расположена.
- Бојана е најдена мртва во кревет, во долената облека во која спиела. Имала две рани на телото. Иснпекторот кој направил увид рекол дека по положбата на телотот и раните таа не можела сама да пука врз себе, зборува во солзи неутешната мајка.
Едната рана од куршумот била под нејзината лева дојка, а другата на глава.
- Како е тоа возможно два пати да си нанесе смртоносни рани? Се прашувам што никој од семејството на Јовиша, која живее во другиот дел од куќата, не влегол во собата на Бојана да види што се случува откако слушнале пукање во неделата навечер. Ако од пукањето помислиле дека нешто паднало во нејзината соба, зошто никој не отишол да провери што се случило? Ја нашол Јовиша дури наредниот ден, кога се вратил од работа, зборува очајната мајка.
Мајката Снежана вели дека Бојана отсекогаш сакала да биде војник и дека едвај чекала да почне да носи униформа.

- Завршила средно медицинско училиште и се вработила во војска, Го работеше тоа што најмногу го сакаше. Беше заљубена и во саботата требаше да се маѓи. Од својот татко, кој живее во Германија, нарача подарок за свадба. Зар би го направила тоа ако сакала да се убие, прашува мајката.
Извор од истрагата наведува дека поради тие причини била наредена и обдукција на телото за да се тргнат сите сомнежи во врска со смртта на Бојана.
- Меѓутоа, после обдукцијата дефинитивно е утврдено дека Бојана сама си го одзела животот и случајот се заклучува како самоубиство. Го разбирам сомнежот на мајката, но нема докази дека нејзината бремена ќерка ја убил некој друг. Кога станува збор за раните на телотот, можно е Бојана да испукала со пушката во стомак, па во главата, се здобила со повреди и на градите, рекол соговорникот.
Бојана ќе биде погребана утре на Градските гробишта во Сремска Митровица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристапноста и натаму проблем за лицата со попреченост
-
Преглед на вестите од светот
-
По изборите одлука на Уставен за Законот за јазиците
-
Над 20 судии, обвинители и адвокати за судиското место во Стразбур
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите