Обама следната недела во посета на Ријад, Лондон и Берлин
Претседателот на САД, Барак Обама следната недела ќе замине на посета во странство, при што ќе престојува во Саудсика Арабија, Велика Британија и Германија, соопшти синоќа Белата куќа.
Според најавите, Обама во Саудиска Арабија в среда ќе се сретне со кралот Салман, а во четврток ќе учествува на средбата на врвот на лидери на земјите-членки на Советот за соработкка во Персискиот Заливот, со кои ќе разговара за борбата против Исламската држава.
Од Ријад, Обама во четврток ќе отпатува во посета на Велика Британија, што ќе трае до 24 април.
Идниот петок (22 април), американскиот претседател ќе се сретне со кралицата Елизабета Втора, која претходниот ден ќе наполни 90 години.
За време на престојот во Лондон, претседателот на САД ќе има средба и со британскиот премиер Дејвид Камерон.
На 24 април утрото Обама ќе отпатува за Германија, каде ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел, со која ќе го отвори Индустрискиот саем во Хановер, кој е еден од најголемите во светот.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени