Обама: Се надевам дека Бразил ќе ја разреши својата политичка криза
Американскиот претседател Барак Обама, кој се наоѓа во официјална посета на Аргентина, изјави во Буенос Ајрес дека „се надева оти Бразил ќе ја разреши својата сегашна политичка криза“.
-Степенот на демократија во Бразил е доволно стар за да се справи со сегашната ситуација, изјави Обама по разговорите со својот домаќин, аргентинскиот претседател Маурисио Макри.
Според американските и аргентинските медиуми, Обама и Макри „изразиле загриженост“ за брзилската криза.
Американскиот претседател изјави дека САД и светот имаат потреба од „силен и полезен“ Бразил, за економските врски, но и за светскиот мир.
Аргентинскиот претседател , пак , изрази стравување дека бразилската криза може да има потенцијално влијание врз економијата на Аргентина, затоа што Бразил е најголемиот сосед, но и најголемиот трговски партнер на неговата земја.
Верувам дека Бразил ќе излезе посилен од оваа криза, рече претседателот Маурисио Макри.
Ова е прв пат досега официјален Вашингтон да реагира на најновата бразилска политичка ситуација и тоа преку изјава на претседателот Барак Обама..
Бразил веќе подолго време е „заглавен“ со корупцискиот скандал со државната нафтена компанија „Петробрас“ со која се опфатени голем број функционери на компанијата и домашни бизнисмени, но и низа угледни бразилски политичари од владеачката Работничка партија.
Ситуацијата се усложни откако обвинителството го обвини и за кусо време го притвори поранешниот претседател Луис Игнасио Лула да Силва, кого фередалниот суд од Сао Паоло го товари за перење пари.
Актуелната претседателка Дилма Русеф, на која Лула и е политички ментор, се обидува да го заштити од натамошните обвинувања, со неговото назначување за шеф на кабинетот на претседателот, што веднаш беше блокирано од еден судија на Врховниот суд.
Русеф соопшти дека ќе продолжи да го брани Лула, додека тој застана во отворена заштита на претседателката, против бразилската опозиција, затоа што покрена постапка за импичмент во Конгресот, која обајцата ја означија како „пуч против демократијата“.
Ново на Сител
-
Кремљ: Колку помалку оружје за Украина – толку поблиску е крајот на војната
-
„Амазон“ го достигна милионитиот робот во своите погони
-
Автомобил се преврте во Бутел, пет лица повредени меѓу нив и двајца малолетници
-
При судар со автомобил тешко повредени 17-годишен возач на мотоцикл и неговиот 16-годишен сопатник
-
Пратеничка добила закани од лице кое било во „мерцедес“
-
Мицкоски: Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка за да знаеме како да ја развиваме државата
-
Ќерката на загинатиот скопјанец: Се зацрни уште една фамилија, дали ќе има крај на ова
-
Го прегазил на пешачка со мотор и избегал, детали за сообраќајката во која скопјанец загина на кеј кај „Жабар“