Свет
14. December 2015 - 22:49

Обама: САД се решени да ја уништат Исламска држава

Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека САД се одлучни во намерата да ја уништат Исламска држава, да ја повратат територијата која екстремистите ја освоија на Блискиот исток и лидерите на таа организација да бидат убиени.

- Удираме посилно од кога и да е, рече Обама после состанокот на Советот за национална безбедност во Пентагон, ветувајќи дека на ИД отсега ќе и биде потешко да ја шири пропагандата во светот.

- Лидерите на ИД не можат да се скријат. Нашата порака е едноставна: вие сте следни, рече Обама, наведувајќи ги имињата на повеќе лидери на ИД кои беа убиени за време на операциите на коалицијата.