Обама: Претстојната битка за Мосул одлучувачка за уништување на ИД
Претседателот на САД Барак Обама изјави дека претстојната битка за преземањето на ирачкиот град Мосул од џихадистите ќе биде одлучувачка за уништувањето на Исламска држава.
Обама, кој ќе се сретне со ирачкиот премиер Хајдер ал Абади на маргините на годишната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации изрази надеж дека до крајот на годината ќе биде постигнат напредок во однос на Мосул.
Абади истакна дека се надева оти Мосул, вториот по големина град во Ирак, преземен од џихдистите во 2014 година ќе биде ослободен следниот месец.
Обама нагласи дека еден од од најголемите предизвици е брзо доставување хуманитарна помош за луѓето протерани од војната.
Ирачки команданти изјавија дека операцијата за враќање на Мосул, град кој ИД го прогласи за своја престолнина, може да почне до крајот на октомври.
Ново на Сител
-
Полицаецот кој спречи девојка да се самоубие во Тетово повреден е од ножот кој го држела во рака, Тошковски ќе го награди
-
Кумановец прегазил двајца велосипедисти од Исланд, учесници на младинските олимписки игри
-
Последиците од пожарот во Езерани | ВИДЕО
-
Бројот на регистрации на нови автомобили во Европа со остар пад во јуни
-
До недела многу топло, до 43 степени
-
Орбан: Христијанските и конзервативните вредности не се спротивни на демократијата
-
Објектите за спорт во сопственост на државата управувани од јавно претпријатие кое законски престанало да постои во 2017 година
-
Шест студенти се удавија во рудник во Кина