Обама очекува промени на Куба
Американскиот претседател, Барак Обама, пред денешната средба со кубанскиот лидер Раул Кастро во Хавана, изјави дека очекува промени на Куба.
- Овде ќе се случат промени и мислам дека тоа го сфаќа Раул Кастро, истакна Обама за Еј-Би-Си, додавајќи оти тоа нема да се случи „преку ноќ“, но оти двете земји „сега ќе ги зголемат напорите за поголеми промени“.
Обама потсети дека веќе дошло до повторно отворање на амбасадата и дека иако меѓу САД и Куба и натаму постојат сериозни несогласувања околу човековите права и слободи на Куба, обете земји чувствуваат дека „сега ќе ги зајакнат напорите заради поголеми промени“. По доаѓањето на Куба, Обама рече дека тоа е историска посета која пружа историска прилика.
Обама кој синоќа допатува во Хавана со семејството е првиот американски претседател кој ја посетува Куба во последните 88 години.
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија