Обама: Нужна е синхронизација меѓу Вашингтон и Москва за Сирија
Барак Обама во вчерашниот телефонски разговорт со рускиот претседател Владимир Путин истакнал дека состојбата во Сирија почнува да се влошува побрзо и земјата не може да постигне напредок, ако недостига синхронизација на акциите меѓу САД и Русија, изјави американскиот претседател во денешното интервју за Си-Би-Ес.
- Таквата ситуација не е во интерес за никого од нас. Ако САД и Русија не дејствуваат синхронизирано за постигнување на политичките промени во таа земја, ќе се вратиме на состојбата од пред три-четири недели, потенцира Обама во интервјуто.
Тој како единствен сириски проблем за кој Вашингтон и Москва продолжуваат да не се согласуваат е судбината на сирискиот претседател Башар ал Асад. САД инсистираат тој да ја напушти власта, а според Русија решението за тоа може да потекне само од Асад и од сирискиот народ,
Кремљ синоќа соопшти дека Путин и Обама се договориле да го зацврстат примирјето во Сирија.
- Двајцата лидери детално разговараа за ситуацијата во Сирија, потврдувајќи ја пред се својата намера да посредуваат во зацврстувањето на прекинот на огнот во таа земја, за што Русија и САД покренаа иницијатива, како и да се обезбеди пристап до хуманитарната помош, се посочува во соопштението од Кремљ.
Ново на Сител
-
Александар Тарабунов со нова песна - „Снегови“
-
Ердоган: Турција ќе воведе 5Г мрежа во 2026 година
-
Српските специјалци ликвидираа маж кој уби едно лице во Јагодина
-
Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95
-
Прегазен 66-годишен пешак во Тетово, сторителот побегнал
-
Пронајден и одземен хероин - Кривична и притвор за велешанец
-
Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод Божиќ
-
Мицкоски за Груби: Сите бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите