Обама: Лаос и натаму живее во сенката на војната
Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска во Лаос дека САД имаат морална обврска да и помогнат на оваа земја во чистење од неексплодирани бомби, ветувајќи дека Вашингтон во наредните три години за тоа ќе издвои околу 90 милиони долари.
- Во последните четири децении граѓаните на Лаос и натаму живеат во сенка на војната. Војната не заврши кога бомбите престанаа да паѓаат, рече Обама, кој за време на посетата на главниот град Виентиан го посети Центарот за рехабилитација, во кој се сместуваат преживеаните жртви од бомбите, кои САД ги фрлија за време на војната во Виетнам.
Околу 80 милиони бомби останаа неексплодирани, а Обама вети дека САД ќе ги расчистат.
Обама истакна дека САД имаат „длабока морална и хуманитарна обврска“ за да се спречи натамошно крвопролевање од „оставените американски бомби“.
- Околу 20.000 луѓе загинаа или се повредени по завршувањето на војната, рече Обама.
Ново на Сител
-
Џејмс е најстариот играч во НБА кој забележал трипл-дабл во два последователни натпревара
-
Јокиќ со четврти последователен трипл-дабл
-
Иран: Трамп да го запре континуираниот геноцид во Појасот Газа
-
Викендов во Скопје подигнати 70 кубни метри непрописно одложен отпад
-
Украина прогласи висок степен на тревога
-
Локализиран е пожарот на планината Беласица
-
Во Берово најстудено со - 6, во Гевгелија измерени 5 степени Целзиусови
-
Биткоинот достигна вредност од 80 000 долари