Обама ќе има проштално обраќање на 10 јануари
Американскиот претседател Барак Обама ќе има проштално обраќње на 10 јануари, во кое ќе говори за сето тоа што го сторил во неговите два мандата и ќе им се заблагодари на своите поддржувачи.
Обама посочи во писмената изјава дека своето обраќање ќе го изнесе во Чикаго.
- Тоа ќе биде шанса да ви се заблагодарам за неверојатното патешествие, да истакнам на каков начин ја променивте земјата на подобро во изминатите осум години и да изразам некои размислувања за тоа во која насока ќе одиме сите заедно во иднина, рече тој.
Обама нагласи дека од 2009 година досега Американците се соочувале со различни предизвици и станале посилни.
- Тоа е така бидејќи од основањето никогаш не престанавме да веруваме дека заедно можеме оваа земја да ја промениме на подобро, рече Обама.
Ново на Сител
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени
-
Ригорозни мерки против високите цени, ако утре статистика објави висока инфлација
-
Пациентите со хепатит Б, дијабет и други дијагнози бараат терапија на позитивната листа
-
Љутков: Од догодина повеќе средства за македонската филмска продукција
-
Вливот на реките рак рана за езерото