Свет
30. September 2016 - 8:30

Обама и Меркел ги осудија нападите на Русија и сирискиот режим во Алепо

Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор „остро ги осудија варварските руски воздушни напади и нападите на сирискиот режим врз источно Алепо“, соопшти Белата куќа, пренесоа британските медиуми.

„Тие се согласија дека Русија и сирискиот режим сносат посебна одговорност за завршување на борбите во Сирија и овозможувањето пристап на хуманитарната помош на ОН во опколените области во Сирија“, се наведува во соопштението на Белата куќа.