Обама и Абе испратија порака за мир од Перл Харбор
Американскиот претседател Барак Обама и јапонскиот премиер Шинѕо Абе синоќа во Перл Харбор положија венци пред споменикот на жртвите од јапонскиот напад во Втората светска војна, при што упатија пораки за мир и пријателство.
- Овој историски гест зборува за моќта на помирувањето. Потсетува дека дури и најдлабоките воени рани можат да им отстапат место на пријателството и трајниот мир, истакна Обама.
Тој порача дека „не треба да се сатанизираат оние кои се поинакви“ и го поздрави сојузништвото меѓу двете земји, додавајќи дека тоа никогаш не било посилно.
Обама му се обрати на јапонскиот премиер дека „карактерот на земјите се става на проба во војна, но се дефинира во мир“.
Абе изрази искрено сочувство за американските војници кои загинале во нападот на неговата земја врз Перл Харбор. Тој не се извини за нападот, но им оддаде почит на „храбрите мажи и жени“ кои тогаш биле убиени.
- Никогаш повеќе не смееме да ги повториме воените ужаси, изјави Абе, нагласувајќи дека е важно да се покаже почитување дури и кон поранешниот непријател.
Споменикот на Хаваи е изграден во 1962 година во облик на американскиот воен брод „УСС Аризона“, на кој за време на ненадејниот јапонски напад загинаа 1.177 маринци.
Ново на Сител
-
Лошиот квалитет на водата ги одложи маратонските трки на СП
-
Баро: Ќе воведеме санкции кон Иран ако до август нема напредок во нуклеарниот договор
-
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град ја поздрави пресудата за убиството на кучето Феликс
-
Приведено едно лице од Куманово поради управување моторно возило под дејство на алкохол
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор
-
УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер
-
Нелегално оружје и муниција одземени од стружанец, за дел поседувал дозвола