Фудбал
25. October 2021 - 12:05

О. Марсеј и ПСЖ одиграа „жестоко“ дерби, но без голови

Понудата на дерби дуели од европската фудбалска сцена ја заокружија фудбалерите на О. Марсеј и Париз Сен Жермен. 
 
Средбата од 11.коло во француската Лига 1, што се одигра во Марсеј заврши 0-0, иако двата тима во првиот дел постигнаа по еден гол, но истите беа поништени поради офсајд. 
 
Мечот го одбележаа жестоки дуели, па гостите од Париз од 57-та минута играа со играч помалку откако Хакими заработи црвен картон. 
 
Поделбата на бодовите не смени ништо во однос на пласманот на екипите на табелата, па така ПСЖ останува лидер со 28 бодови дуери 7 повеќе од ченс односно осум од Ница, додека О. Марсеј остана на четвртата позиција со 10 бодови помалку од лидерот.