Нуркачи ќе трагаат по шестмината исчезнати работници од урнатиот мост во Балтимот
Нуркачите денеска во водите околу остатоците од урнатиот мост во пристаништето Балтимор, ќе трагаат по шесте работници за кои се претпоставува дека се мртви, соопштија локалните власти.
Ударот на контејнерскиот брод на мостот, кој предизвика негово уривање, предизвика и затворање на пристаништето Балтимор на неопределено време.
Тоа е едно од најпрометните пристаништа на источниот брег на САД, па катастрофата предизвика сообраќаен хаос во Балтимор и околниот регион.
Потрагата по шесте работници беше прекината синоќа, 18 часа откако тие паднаа од урнатиот мост Френсис Скот Ки во студените води на устието на реката Патапско.
Претставници на државната полиција на Мериленд и на американската крајбрежна стража рекоа дека намалената видливост и сè поопасните струи во каналот го прават продолжувањето на потрагата по реката премногу ризично за да продолжи во текот на ноќта.
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд