Свет
5. October 2022 - 12:34

Нуклеарната централа Запорожје ќе работи под руски надзор

Нуклеарната централа Запорожје ќе работи под раководство на надлежните ресори на Русија, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершинин.    

Тој додаде дека прашањата за безбедното работење на електраната ќе бидат разгледани за време на посетата на Москва на генералниот директор на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.

– Нуклеарната централа Запорожје сега се наоѓа на територијата на Руската Федерација и, соодветно, мора да работи под надзор на нашите надлежни оддели, посочи Вершинин.