Кошарка
30. December 2015 - 12:20

Новогодишни „пакетчиња“ од МКФ за младите кошаркари

Кошаркарската федерација на Македонија подготвува Новогодишно „изненадување - пакетче“ за младинските екипи кои се натпреваруваат во категориите до 16 и до 14 години.

И додека во сениорската Прва лига, по денешното дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје ќе следува пауза до 16 јануари 2016 година, за екипите во младинска конкуренција (У16 и 14), односно 27 екипи или 324 деца, одмор нема. 
Според календарот на федерацијата, веќе на 3 јануари 2016 година, екипите кои се натпреваруваат во овие возрасни категории ќе играат натпревари од редовните кола.
 
На официјалната веб страна на федерацијата веќе е објавен распоредот на натпреварите, без засега, точно утврдени термини (делегирање). 
 
 
Иронијата да е поголема, според календарот овие „ПРОФЕСИОНАЛЦИ“ кои нели „заработуваат и живеат од кошарката“, ќе може да „уживаат“ во зимскиот распуст се до 20 јануари (ден пред почетокот на второто полугодие од учебната година), за кога е планирано ново редовно коло.
 
Несватливо е кој и дали воопшто некој размислувал дека станува збор пред се за деца, ученици, чии примарни обврски се училиштето, а потоа спортот и се останато!
 
Размислувал ли некој кога го правел натпреватрувачкиот календар дека овие деца заслужуваат одмор!?
 
Веројатно тешко дека некому во МКФ му текнало, и дека најголемиот дел од младинските клубови пријавени во системот на натпревари, немаат сопствен дом, сали, (мал е бројот на оние кои може да се пофалат со своја сала), и дека мнозинството ги користат учлишните сали. Ќе се запрашате. Па, што!?  Па, распуст, е одговорот. А, сега кога тие се на распуст и во учлиштата нема никој, па нормано нема потреба од греење (кое и онака во најголемиот дел од тие сали го нема, и не само тие туку и клупските), тешко дека некој училишен домар ќе го натерате да дојде и да ја отклучи салата, само затоа што некој во МКФ не размислил. 
 
Очигледно дека никој во МКФ не размислувал на овие работи, само дел од целокупниот мозаик на непромислености кои сезонава се провлекуваат во младинските натпреватрувања. Важно, ете систем направивме и го спроведуваме, најверојатно ќе биде одговорот (нели преку соопштение што е редовна пракса на МКФ) на нивната веб страна.

Нејсе. Ако е за добро и развој на мак-баскетот, за што и ние се залагаме, тогаш нека е. Само еве и предлог.

Празнично, Новогодишно, МКФ да направи вистински спектакл, па натпреварите од 3-то јануарското коло да ги организира федерацијата, онака на топло, како што доликува. Нека ги собере сите екипи на едно место (може и две сали - Борис Трајковски и Јане Сандански) па сите заедно, деца, родители, баби, дедовци, другарчиња и челници од федерацијата и клубовите, да ја прославиме Новата година и да си посакаме 2015 да ја заборавиме што е можно побрзо, бидејќи и нема што многу да се пофалиме со неа на кошаркарски план. А, на најдобрите (не на сите, за да немаат голем трошок во федерацијата) да им поклонат „Новогодишни пакетчиња'' барем со по еден пар патики внатре.

 
Среќна Нова 2016 година, македонски кошаркарски надежи !