Loading Video...
Кошарка
15. October 2020 - 16:09

Ново одложување на старт на сезоната во мак-баскетот

Ново одложување на натпреварувањата во мак-баскетот. 
 
Откако минатиот петок МКФ реши да го пролонгира стартот на Првата машка лига, на неодредено време, сега од „куќата на кошарката“ стигнува информација за одложување на стартот на шампионатот во Првата женска лига. 
 
Како што информираат од федерацијата, донесената одлука за одложување на почетокот сезоната 2020/2021 кај дамите, а кој беше предвиден да биде претстојниов викенд, односно на 19 октомври, е пролонгиран поради епидемиолошка ситуација во земјата и бројот на ново заболени. 
 
Во наредниот период, федерацијата очекува потврдата од страна на Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, за предлог Протоколот за реализација на планираните активности во натпреварувачката сезона 2020/2021 
 
Имајќи во предвид дека веќе неколку прволигашки екипи во машка конкуренција веќе се во изолација, тоа сигурно ќе значи и дополнително пролонгирање на целокупните активност во мак-баскетот. 
 
Потсетување дека во моментов во застој покрај кошарката е и ракометот, додека натпреварите во одбојкарското првенство започнаа минатиот викенд, а во фудбалската Прва лига претстојниот викенд треба да се играат дуелите од деветтото коло.