Loading Video...
Свет
17. September 2021 - 16:31

Новите рестриктивни мерки причина за протести во Словенија, без вакцина нема можност за работа во Италија

Европските држави со заострени мерки се подготвуваат за нов Ковид бран. Словенија и Италија се првите земји кои воведуваат нови ограничувања пред се за невакцинираните лицата. Италијанската Влада одлучи од 15 октомври сите работници и во државниот и во приватниот сектор доколку немаат т.н зелен пасош односно доказ за вакцинираност, прележан Ковид или негативен ПЦР тест да бидат суспендирани од работа, платата може да им биде стопирана после 5 дена, но не смеат да добијат отказ. За непочитување на оваа мерка казната е до 1500 евра.

Во Словенија пак сертификатот за вакцинација е задолжителен само за државната администрација. Сите вработени кои не прележале Ковид од 1 октомври ќе мора да бидат вакцинирани, бидејќи негативниот тест веќе нема да им биде гаранција за да дојдат на работа. Во оваа земја од средата ограничувања за невакцинираните има и за влез во трговски центри, здравствени установи  и јавниот превоз. Најголем револт кај граѓаните предизвика одлуката без серфификат да не можат да наточат ниту гориво на бензиските пумпи.

Мерките предизвикаа и жестоки протести на противниците и судири со полицијата на улиците во Љубљана веќе два дена.

Грција засега дозволува невакцинираните работници и во приватниот и во јавниот сектор да прикажуваат негативен тест еднаш или два пати неделно во зависност од дејноста за да можат да одат на работа.

Инаку сертификат за вакцинација за влез во институции, затворени простории, угостителски објекти, на концерти е задолжителен речиси во сите европски држави.