Бизнис
2. November 2016 - 19:33

Новите фабрики ги зголемија побарувачката и интересот за квалификувани работници

Се враќа интересот кај младите за запишување на техничките науки. Причина за тоа според професорите е отворањето на странските фирми во земјава кои бараат таков кадар. Но велат дека има  доста  млади  кој по студиите  заминуваат надвор.  Сметаат дека работа за нив тука има но треба да се зголемат и платите за овие професии. Така факултети за технички науки  ќе се вратат во добрите времиња, а младите ќе престанат да мигрираат во странство.

За да се запознаат со модерните процеси на производството во зоните, факултетите склучија и  договори  со дел од инвеститорите. Тоа на многумина им помогнало да стекнат искуство и да останат на работа.

И од асоцијацијата на автомобилската индустрија каде членуваат 20 домашни и странски фирми посочија дека инвеститроите  имаат проблем при наоѓање на кадар.

Во последниве години пазарот на трудот е презаситен од економисти и правници. Недостасуваат инжењери, електричари, машински работници.