Македонија
8. јуни 2023 - 16:43

Новиот Закон за македонски јазик го помина комисискиот филтер

Новото законско решение за употреба на македонскиот стандарден јазик го помина првиот собраниски филтер. Комисијата за култура едногласно донесе заклучок дека неопходно е донесување на нов закон со кој не само што ќе се унапреди примената на јазикот, туку и ќе се обезбеди поголема контрола за правилна употреба. Според министерката за култура како предлагач, ќе биде формиран и Инспекторат кој ќе следи дали сите институции правилно го користат македонскиот јазик.

Опозицијата ја поздрави иницијативата, но најави амандмански интервенции со кои ќе се бара задолжително познавање на македонскиот јазик при добивање државјанство, при вработување..Пратениците ја истакнаа и потребата за користење на македонски фонд.

За власта предложениот текст оди во насока на усовршување на македонскиот јазик во повеќе области и институции.

Новиот закон предвидува и задолжително лекторирање текстови во сите институции, што ќе доведе и до дополнителни вработувања на лектори. Амандмански ќе се бара и задолжително изчување на македонскиот јазик и во високото образование.