Новиот претседател на Јужна Кореја Мун Џе-ин положи заклетва
Новиот јужнокорејски претседател Мун Џе-ин положи заклетва и официјално стапи на должност денеска по убедливата победа на предвремените парламентарни избори, по разрешувањето на поранешната шефица на државата Парк Геун-хе.
- Свечено давам заклетва пред народот дека посветено ќе ги исполувам своите ветувања како претседател, изјави пред Националното собрание во Сеул, поранешниот адвокат од левоцентристичката Демократска партија.
Мун кој се сметаше за фаворит освои 41,3 отсто гласови. Неговиот главен противкандидат Хонг Џун-пјо е втор со 23,3 отсто. Избирачката активност била околу 75 отсто, на еден час пред затворањето на гласачките места.
Мун (64) има право само на еден петгодишен мандат. Тој е застапник на умерена политика кон Северна Кореја. Предвремените избори беа спроведени откако Пак Гeун-хе беше отстранета од функцијата заради грандиозен корупциски скандал.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45
-
МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство - „Жолто копче“
-
Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски