Новиот број на „Стожер“ посветен на лауреатите на ДПМ
Списанието на Друштвото на писателите на Македонија „Стожер“ во најновиот број донесува книжевни прилози од и за лауреатите на ДПМ, добитници на наградите што македонската писателска асоцијација ги додели во текот на оваа година.
На уводните страници претставени се Гордана Михаилова-Бошнакоска, Лилјана Пандева, Кристина Николовска и Александар Поповски, кои оваа година ги добија годишните награди на ДПМ: „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за прозна книга, „Димитар Митрев“ за книга критики и „Ванчо Николески“ за книга за деца..
Објавени се есеи од Борче Панов и Али Алиу за творештвото на добитниците на наградата „Книжевно жезло“ - поетите Стојан Тарапуза и Еќрем Баша.
„Стожер“ донесува и поезија од Василе Димески, лауреат на наградата „Державин“, и од Бистрица Миркуловска, добитничка на наградата „Даница Ручигај“, како и песната „Липа липата“ од Христо Петрески, која беше прогласена за најдобра на манифестацијата „Празник на липите“.
Во списанието „Стожер“ (кое е достапно на интернет-страницата www.dpm-pisateli.mk) објавени се и други прозни, поетски и критичко-есеистички прилози, меѓу кои „Беседа за Рацин“ од Мишел Павловски, „Поетичките начела и личниот опит на Блаже Конески“ од Катица Ќулавкова, „Блаже Конески за ликот на Св. Климент Охридски“ од Људмил Спасов, како и книжевниот документ: Блаже Конески за романот „Пеперуга со натопени крила“ од Драгица Најческа.
Ново на Сител
-
Струмица воведува видео надзор
-
Преглед на вестите од светот
-
Владата го скрои Предлог-буџетот за 2025: Раст од 3,7%, рекордни 6,5 милијарди евра за расходи
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба
-
Предлог Буџетот на владина седница – не се предвидени пари за зголемување на функционерските плати
-
Мицкоски го добил писмото од Ахмети
-
Силјановска се консултира за нова Комисија за помилување, реформите ќе почекаат
-
Министерството за правда работи на Законот за помилување