Новиот амбасадор во Романија Атанасов ја претстави својата платформа пред пратениците
- Македонија и Романија одржуваат повеќе од добри билатерални односи, истакна денеска новиот македонски амбасадор во Букурешт Габриел Атанасов пред пратениците-членови на собраниската Комисија за надворешна политика.
Во следните 12 месеци, а имајќи го предвид претседавањето со ЕУ од 1 јануари 2019 година, како што најави Атанасов, имулс на нашето претставување во Романија ќе биде ставен на реформите за приклучување на Македонија во ЕУ и НАТО.
На Комисијата за надворешна политика тој истакна дека ќе работи на натамошно продлабочување на односите меѓу двете земји, на ратификација на билатерни договори, како и на развој на економската соработка која, како што кажа бележи нагорни трендови. Ќе продолжи и соработката во одбраната, а да не заборавиме, рече новиот македонски амбасадор во Романија, во главниот град се наоѓа и седиштето на организацијата Селек, што за Македонија е особено важно и каде има свој претставник.
Ново на Сител
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја