Свет
21. December 2016 - 10:42

Новинарите на АФП го избраа Доналд Трамп за највлијателна личност во 2016 година

Според изборот на новинарите на агенцијата АФП, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп е највлијателната личност во 2016 година, а потоа следат претседателите на Русија и на Турција - Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган.

За изборот гласале сите новинари на француската агенција од сите редакции ширум светот.

Речиси 300 новинари гласале за личностите од  предложената листа од 30 лица, кои биле избрани од уредниците на различни редакции на агенцијата, а кои како имиња најмногу се споменувале во нивните вести.

Четвртото место го зазеде Хилари Клинтон. Потоа следат поранешниот лидер на партијата УКИП, Најџел Фараж, сирискиот претседател Башар ел-Асад, американскиот претседател Барак Обама, папата Франциско, музичарот Боб Дилан и првата дама на САД во заминување, Мишел Обама.