Loading Video...
Балкан
26. May 2023 - 16:30

Нови тензии денеска избувнаа во северниот дел на Косово

Нови тензии денеска избувнаа во северниот дел на Косово а Српскиот претседател Вучиќ ја подигна борбената готовност на војската на највисоко ниво и им нареди да се движат во правец на административната линија со Косово.

Утрово припадници на косовската специјална полиција  ги опколија зградите на локалната самоуправа во, Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан, а Срби се собраа пред влезовите во зградите. Во Звечан дошло до судир меѓу насобраните Срби и специјалците, а се слушнале и истрели пренесуваат Репортерите на „Косово онлајн“ кои биле на лице место пред зградата на општина Звечан кога дошло до конфликтот. Било запалено полициско возило и биле фрлени шок бомби а според спрксите медиуми, има и повредени лица.

Пристигнувањето на полицијата беше пропратено со звукот на сирените во Лепосавиќ, Митровица, Звечан и Зубин Поток, кои жителите од овие области ги активираат за да предупредат на опасност. На терен се и придници на Еулекс. Тие српски општини неодамна добија градоначаници од редовите на албанската заедница а косовската полиција соопшти дека им помага да го остварат правото на работа во општинските  згради.

Министерот за одбрана на Србија Милош Вучевиќ предупреди дека настаните на северот на Косово, каде што владата во Приштина ги презеде зградите на локалните самоуправи, не се игра туку ја загрозуваат безбедноста на сите во регионот.