Нови сообраќајни знаци во Битола
Во Битола се поставени нови сообраќајни знаци на најфрекфентните сообраќајници - булеварот „1-Мај“ и улицата „Васко Каранглески“. Станува збор за т.н. „интелигентни сообраќајни знаци“ кои посочуваат на дозволената брзина на управување со возилото и истовремено ја покажуваат брзината на движење на возилото.
- Новите „интелигентни сообраќајни знаци“ се поставени во непосредна близина на важни јавни објекти, кај гимназијата „Јосип Броз Тито“ и Државното музичко училиште на булеварот „1-Мај“, како и кај ЈУ Дом за доенчиња и мали деца и основното училиште „Елпида Караманди“ на улицата „Васко Карангелески“, информираа од Секторот за односи со јавност на општина Битола.
Поставувањето на новите сообраќајни знаци е во пресрет на утрешниот почеток на второто полугодие и на барање на родителите, и со обезбедена стручна поддршка со што новото сообраќајно решение ќе придонесе за поголема безбедност на пешаците и другите учесници во сообраќајот.
Ново на Сител
-
Имало ли недостаток на нафта во ЈСП?
-
Меѓународна потерница за Ковачевски, во земјава го чека 8 дневен притвор
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Лекарите предупредуваат: Внимателно со алкохолот
-
Сиљановска: Имаме право да веруваме во македонскиот сон
-
Мицкоски: Ја стабилизравме економијата – 2025 ќе биде уште подобра
-
Гаши: Да се обединиме околу европските вредности
-
Преглед на вестите од светот