Македонија
13. February 2020 - 19:28

Нови снимки за случајот ,,Рекет‘‘ објавени во судница

Бојан Јовановски се закани дека ќе ја отвори пандорината кутија за Рекет. Тврди дека снимките кои се слушаат  во судница не се докази, туку  служат  за сензација. Смета дека вистината ја крие разговорот за кој обвинителството бара исклучување на јавноста. Токму оваа снимка предизвика жестока кавга меѓу обвинетите, судијата и обвинителката.

Да не се исклучува јавноста, да се види кој манипулира, кој нуди рекет, кој нуди поткуп. Обвинителке, требало да мислите пред да го понудите како доказ, изјави Јанева.

Вие да мислевте, немаше да бидете овде, и реплицираше обвинителката Русковска.

Одбраната на Јанева смета дека разговорот за кој се бара исклучување на јавноста е клучен за предметот.

Адвокатот на Боки 13 вели дека снимката која ја обезбедил осудениот Милевски ќе ја открие направената манипулација.

Во судницата денеска се слушаа разговорите кои до обвинителството ги доставил рекетираниот бизнисмен Камчев. Меѓу нив и снимките кои ги објави странскиот медиум.

Снимката пак која ги скара обвинителството и обвинетите, утре на пладне ќе одекне во судницата. На почеток од судењето ќе се одлучува дали разговорот ќе го слушне и јавноста.