Нови седум случаи со Ковид-19 синоќа во Косово, вкупно 86 заразени
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека од извршените испитувања во текот на минатата ноќ, седум испитаници резултираа позитивни на Ковид-19, по што официјалната бројка на заразени со смртоносниот вирус во земјата достигна до 86, јави дописникот на МИА од Приштина.
Сите новооткриени случаи се од село во општина Малишево и се лица кои биле во контакт со претходно заразени, а последниве денови се наоѓале во самоизолација.
Според соопштението на ИШПК, од критичното место биле тестирани примероци на вкупно 25 лица, од кои седуммина резултирале позитивни.
Порано во текот на вчерашниот ден во лабораторијата за молекуларна микробиологија на ИШПК се тестирани 89 лица за кои постоело сомневање дека се заразени. Од нив кај осуммина е откриено присуство на вирусот Ковид-19, така што вкупниот бројот на новооткриени случаи со коронавирус во четвртокот изнесува 15 лица.
Косовскиот министер за здравство Арбен Витиа вчера објави и дека еден од пациентите кои претходно биле дијагностификувани со коронавирус, по соодветните испитувања согласно препораките на Светската здравствена организација (СЗО), резултира излечен од заразната болест, што е прв таков случај во Косово.
Од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, тестирани се вкупно 880 примероци на лица за кои постоело сомневање дека се заразени од коронавирусот. Од нив, 86 случаи резултираа со позитивен наод, додека едно лице, маж на 82-годишна возраст, почина, се вели во соопштението на ИШКП.
Ново на Сител
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи
-
Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови
-
Пикот на грипот ги испразни училиштата, а ги наполни клиниките со болни деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците