Балкан
3. December 2020 - 8:32

Нови рестриктивни мерки во Србија, угостителите повторно на удар

Српската Влада денеска треба да усвои нови мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, предложени од Кризниот штаб, а една од нив ќе биде угостителските објекти и оние кои имаа услужни дејности, ќе можат да работат само до 17 часот во работни денови, а за време на викенд ќе бидат затворени.

Новите рестриктивни мерки ќе стапат во сила од утре.

Предлогот на Кризниот штаб е продавниците за прехранбени производи да работат секој ден до 21 часот, вклучувајќи го и викендот. Аптеките, бензиските станици и доставувачите на храна да работат неограничено секој ден. Театрите и кино салите ќе бидат отворени секој ден до 17 часот. Пазарите ќе работат регуларно секој работен ден, а во викендите од шест часот наутро до 15 часот. Рестораните, кафулињата, ноќните клубови, трговските центри, игротеките, обложувалниците, продавниците и сите продажни објекти, козметичките и фризерските салони, фитнес центрите, спа центрите и базените ќе можат да работат до 17 часот секој работен ден, а за време на викендите ќе бидат затворени.